Манчестер јунајтед во тешка мисија да купи ѕвезда од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе има навистина тешка мисија за да го купи Иван Перишиќ од Интер летово, барем така вели Паоло Балдини.

Новинарот пишува дека Хрватот е блиску до Манчестер јунајтед, но „црвените ѓаволи“ не може да се договорат за износот на трансферот со Интер.

Жозе Мурињо го следеше Перишиќ на Светското првенство во Русија и беше задоволен со неговите игри, па сега сака да ја засили екипата со него.

Италијанскиот новинар Балдини верува дека Јунајтед ќе има големи проблеми со ангажирањето на Перишиќ.

Перишиќ постигна 29 гола во 107 натпревари во последните три сезони во Серија А.