Манчестер Јунајтед го добива првото засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Португалија, Виктор Линделоф е на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед.

Шведскиот репрезентативец ќе замине на медицински прегледи во Керингтон, базата на Манчестер Јунајтед веднаш по натпреварот кој Шведска го игра со Франција во рамките од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Португалскиот весник „Рекорд“ пренесува дека Манчестер Јунајтед на Бенфика за трансферот на централниот дефанзивец ќе исплати сума од 35 милиони фунти плус бонуси.

Интерес за Линделоф од страна на „Црвените Ѓаволи“ имаше и во јануарскиот преоден рок, но тогаш поради одличните партии на Џонс и Рохо, Мурињо се реши да го откаже трансферот.

Швеѓанецот ќе биде прво засилување на „Олд Трафорд“, а по него би требало да пристигнат уште неколку играчи.