Манчестер Јунајтед заинтересиран за крилото на Лил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед планираат во јануари да го донесат играчот од офанзивниот дел на тимот на Лил, Николас Пепе.

Станува збор за 23 годишен фудбалер кој феноменално ја започна новата сезона во Лига 1 каде на пет натпревари постигна четири погодоци, а придодаде и три асистенции.

Договорот на репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска со Лил истекува во 2022 година, а Пепе беше блиску до трансфер во Саутемптон ова лето.