Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Манчестер Јунајтед на сите можни начини сакаат да го спречат евентуалното заминување на Давид Де Геа од Олд Трафорд.
Овој шпански голман во последно време се почесто се поврзува со многу клубови, вклучувајќи и Реал Мадрид, меѓутоа Манчестер Јунајтед е спремен да го задржи и поради тоа ќе му понуди нов и побогат договор.
Како што пренесуваат британските медиуми, челниците на Манчестер Јунајтед се спремни на Де Геа неделната плата да ја зголемат на 300 000 фунти, со што со Вејн Руни ќе стане најплатан играч на Олд Трафорд.
Де Геа член на Манчестер Јунајтед стана уште од 2011 година кога стигна од редовите на Атлетико од Мадрид.
За Црвените ѓаволи за времето досега поминато во клубот одигра вкупно 256 натпревари.
Доколку потпише нов договор, јасно е дека со тој потег ќе го олади евентуралниот нов интерес на кралскиот клуб.