Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити на Итихад го победија Лестер во натпревар од 37-мо коло во Премиер Лигата, 2:1.
Фернандињо и Ндиди не успеаа да ги претворат своите шанси во погодок на почетокот на натпреварот. После половина час игра граѓаните имаа водство. Давид Силва донесе радост на домашните навивачи.
Во 35-та минута Беналун направи прекршок во казнениот простор, а Габриел Жесус го зголеми водството на Манчестер Сити.
Пред крајот на првото полувреме Шинџи Оказаки постигна фантастичен погодок за 2:1.
Лестер во второто полувреме имаше шанса да освои бод на натпреварот, но погодокот кој го постигна Марез од пенал не беше признат поради тоа што два пати играше со топката пред да шутира. Потоа Варди шутираше непрецизно, па Манчестер Сити на крајот се радуваше на новата победа, 2:1.