Мареј немаше сила во Бризбејн, Медведев го елиминираше за 83 минути! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот тенисер Енди Мареј е елиминиран од осминафиналето на АТП-турнирот во Бризбејн. Од него подобар беше Русинот Данил Медведев во два сета, со 7-5 и 6-2.

Медведев во четвртфинале стигна по еден час и 23 минути игра, а подобро средбата ја отвори Русинот и имаше предност од 3-1, а Мареј успеа да се врати во осмиот гем.

Завршницата му припадна на рускиот тенисер, кој направи брејк за 6-5, а потоа сервираше успешно за 7-5 во првиот сет.

Во вториот дел од играта, Мареј со многу грешки му ја олесни работата на Медведев, кој со воведните 4-0 во вториот сет покажа дека нема да има проблеми.

До крајот на мечот Британецот само двапати успеа да освои гем, па тенисерот без проблеми стигна до 6-2.

Инаку, Медведев во четвртфинале ќе игра против Милош Раониќ.

Да потсетие, АТП-турнирот е од серијата 250 и се игра до шести јануари, а наградниот фонд е 527.880 долари.