Мареј се јави од болница: Сега имам метален колк (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Енди Мареј, кој го шокираше тенискиот свет со одлуката да ја заврши кариерата, реши да се оперира пораид болките во колкот.

По елиминацијата во првото коло од Австралијан опен од Баутиста Агут, Британецот реши да направи нова операција и сега му е вграден метален колк.

„Сега имам метален колк. Се чувствувам измачено, но се надевам дека ова ќе биде крајот на болката во мојот колк“, порача Мареј.

Британецот порача дека би сакал да се прости на Вимблдон, но останува прашањето дали ќе ги издржи болките.