„Марка“: Баерн активираше клаузула за ѕвезда и го договори најскапото засилување во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ пишува дека Баерн Минхен ја активирал клаузулата за фудбалер на Атлетико Мадрид и ќе го урне досегашниот рекорд, кој го имаше за Толисо, кога платија 41,5 милиони евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Баварците ја активирале откупната клаузула за Лукас Ернандез, левиот бек на Шпанците, која изнесува 85 милиони евра.

Ернандез со германскиот гигант ќе потпише договор на четири ипол години и така ќе стане најскапото засилување за Баерн во историјата.

Инаку, Ернандез е еден од подобрите фудбалерите на Атлетико, па затоа е оправдан интересот од Баварците.