Маркез падна од 200 км/ч, па не може да биде конкурентен веднаш!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот шампион падна од моторот на Хонда, го измести рамото, па нема да биде во форма за тестот во Катар.

Не е шега пад од мотор при брзина од 200 км/ч. Такво нешто му се случи на Маркез, па јасно е дека на последниот тест ќе има послаба подготовка.

„Паднав на крајот ан денот затоа што температурата беше ниска. Едноставно изгубив контрола над предното тркало и го повредив рамото. Често ми се случува да го повредам левото рамо, па овој пат го повредив десното. Не беше толку страшно. Сега сум добро, но можеби во Катар нема да дадам се од себе.“

„Сепак, не можам да кажам дека последниот тест не беше позитивен. Пробавме нов мотор на кратка патека и тоа беше интересно и технички важно искуство.“