Маркез ја освои својата 51. пол-позиција по квалификациите за ГН Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот возач Марк Маркез минатиот викенд ја одбрани титулата во Мото ГП, а во исто темпо продолжи и викендов.

Утрово беа одржани квалификациите за Големата награда на Австралија, која се вози утре наутро, а доминираше повторно Маркез, кој освои пол-позиција.

Шпанецот до првата позиција во клалификациите стигна со време 1:29.199, додека зад него беше Маверик Вињалес, а трето место беше Јохан Зарко.

Трката за Големата награда на Австралија се вози утре во Мелбурн со почеток од шест часот наутро.