Мартин Кион распали по Озил: Ова е срамно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец на Арсена, Мартин Кион го критикуваше најскапо платениот фудбалер на „Топчиите“, Месут Озил.

Арсенал вчера претрпе пораз од БАТЕ Борисов со 1:0, па сега ќе мора да победи со два гола разлика за да се пласира во следната фаза.

На овој натпревар не играше Озил поради проблеми со дисциплината, а ова не беше прв пат да отсуствува од тимот.

„Дали е болен, дали е повреден? Една од најважните работи кај играчот е секогаш да биде на располагање и да биде подготвен. Мора да кажам дека ова со Озил станува срамно“ –коментираше Кион.