Матео Ковачиќ од лето во нов клуб?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тотенхем ова лето ќе се обиде да донесе неколку добри засилувања, а на мета е фудбалерот на Реал Мадрид.

Минатите месеци се шпекулираше дека Тотенхем, како и неколку англиски клубови, сакаат во свои редови да го донесат Иско, но по се изгледа дека мета на овој клуб е Ковачиќ.

Според медиумите, Тотенхем ќе се обиде да го донес Ковачиќ кој од 2015-та година игра во Реал и тогаш потпиша 6-годишен договор со тимот.

Наводно, Реал е подоготвен да го пушти овој играч на крајот на сезоната затоа што на неговата позиција играат Модриќ и Крос.

Тотенхем е подготвен да понуди 18 милиони фунти, но Реал не сака да го пушти Хрватот за помалку од 21.8 милиони фунти колку што изнесува неговата откупна клаузула.