Матип – Агонија наместо делириум и национална гордост


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул веројатно е најголем лузер во светот на фудбалот во 2017 година.

Одби Жоел Матип да ги брани боите на својата репрезентација на Купот на Африканските Нации во Габон иако се најде на списокот на селекторот Хуго Брос, преферираше да остане на Енфилд, а Ливерпул поради тоа влезе во конфликт со ФИФА.

Кармата е чудо, Камерун ја освои титулата шампион на „црниот“ континент, а за тоа време Ливерпул доживеа четири порази.

Редсите се елиминирани од Лига Купот од Саутемптон, од ФА Купот од Вулверхемтон, а во Премиер лигата се поразени од Свонси и Хал.

Ливерпул сеуште не забележа првенствена победа во 2017 година, а на последните десет натпревари во сите натпреварувања тимот на Клоп оствари само еден триумф, и тоа против Плимут во реваншот од првата рунда на ФА куп.

Исто како Матип постапи и неговиот сонародник Алан Ромео Ниом, но тој со ВБА помина многу подобро.