Матуиди: Роналдо му покажа на светот зошто е најдобар …


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Воодушевен со партијата која Кристијано Роналдо ја понуди синоќа против Атлетико Мадрид е и неговиот соиграч, Матуиди.

Малкумина веруваа дека Јувентус ќе успее да мине натаму, но торинскиот клуб на крајот во Торино славеше со високи 3:0 и заслужено се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Најголемите заслуги за триуфот секако му припаѓаат на неверојатниот Кристијано Роналдо кој постигна хет-трик.

„Пресреќни сме. Мораме да продолжиме да играме вака како синоќа. Многу сум среќен какви силни соиграчи имам, тука е сега и еден Кристијано Роналдо кој покажа зошто е најдобар на светот“, истакна Матуиди, чија изјава ја пренесе Скај Спорт, па додаде:

„Роналдо на Реал му донесе разлика изминатата година, а сега со нас веруваме дека ќе ја оствари целта“.

Матуиди за потсетување, синоќа ги одигра сите 90 минути за Јувентус.