Мајката на Обамејанг го откри името на неговиот нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг е ѕвезда во секој трансфер период.

Иако често се поврзува со многу европски гиганти, одличниот напаѓач сеуште е член на Милионерите, каде што договорот го врзува до 2020. година.

Обамејанг најмногу се поврзува со Реал и Барселона, а неговата мајка Маргарита Креспо го откри имено на неговиот нов клуб.

„Тој му вети на дедо му дека ќе игра за Реал Мадрид. Кога беше помлад, секогаш говореше за Реал, а никогаш за Барселона. Семејството секогаш навива за овој клуб и би сакале да го видиме во дресот на Реал. Трансфер во Реал би бил одличен потег“, изјави мајката на ѕвездата на Борусија.

Кој знае, можеби уште во јануари Обамејанг ќе го оствари својот сон, но за се се прашува Борусија, кој се чини дека не сака да го продаде.