Мајка му го научила да игра фудбал, живеел од 18 фунти неделно, а денеска игра за Челси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси пред неколку дена го претстави Жоржињо како ново засилување, а репрезентативецот на Италија стигна од Наполи, каде што одигра неколку одлични сезони.

Сепак, неговата приказна не била многу едноставна, а морал да помине низ тешки периоди во животот за на крајот да успее да го оствари својот сон и да стане професионален фудбалер.

Жоржињо пораснал во Бразил, но уште како тинејџер стигнал во Италија, по што реши да игра за нивната репрезентација. Како и секој втор Бразилец, Жоржињо има интересна приказна.

Новиот фудбалер на Челси призна дека неговата мајка го научила да игра фудбал, зашто и таа играла. Неговата мајка Марија Тереза Фрејтас го научила својот син да се соочи со сите проблеми и поради тоа знаел дека не смее да се откаже, дури и кога како 15-годишно момче заминал од Бразил.

„Мајка ми играше фудбал и јас научив од неа. И денеска сака да заигра фудбал и се разбира. Ме водеше по плажи, каде што работев на својата техника. Ме научи да се соочувам со сите проблеми во животот и многу сум благодарен на тоа“, вели Жоржињо.

Жоржињо во 2007. година замина во Верона, која тогаш го ангажираше италијански бизнисмен за да најде нова надеж во Бразил и беше во група од 50 деца, кои стигнаа во италијанскиот клуб.

Фудбалерот не се откажувал и сакал да го исполни својот сон, иако бил далеку од своето семејство. Од првиот договор заработувал 18 фунти неделно, а тогашниот агент му земал дури 27.000 фунти.

„Не можев ништо да направам. Трошев по пет евра за кредит на мобилен телефон и да купам хигиенски производи кои ми требаа и тоа ме чинеше 15 евра. Останатото го трошев на интернет за да зборувам со семејството. Така живеев година ипол. Во втората сезона тренирав со првиот тим и го запознав бразилскиот голман Рафаел, кој денес ми е како брат“, објаснува Жоржињо.

Овој 26-годишен играч за првиот тим дебитираше во 2010. година, а во Верона остана до 2014. година, по што реши да се пресели во Наполи во кој помина четири сезони и одигра 133 натпревари.