Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доста интересно во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите беше на вечерашниот натпревар во групата Ц.
Ниту ПСЖ, ниту Ливерпул, а ниту Наполи не беа сигурни патници во нокаут фазата пред почетокот на последното коло, а сите очи беа вперени кон „Енфилд“ каде Ливерпул беше домаќин на Наполи.
Наполи имаше три бода повеќе, па на избраниците на Клоп за осминафинале им требаше само победа и тоа или 1:0, или со два гола разлика доколку примат гол од наполитанците.
На крајот баш се случи Ливерпул да слави со 1:0 и поради подобра гол разлика да оди во следната фаза.
SALAH WITH A BIG GOAL! ? pic.twitter.com/pYUQvrKUZ3
— Liverpool FC Vines (@LFC_Vines) December 11, 2018
Сепак, до самиот крај домаќините стравуваа, а во финишот Наполи можеше да го замолкне „Енфилд“ како никогаш досега. Но, во тој момент се истакна Алисон Бекер кој успеа да одбрани удар на Аркадиус Милик кој можеше да биде херој за Наполи, но на крај испадна најголем трагичар.
Alisson Becker ? pic.twitter.com/sGEjQPAFgA
— molfc (@Molfc__) December 11, 2018
ПСЖ очекувано немаше проблеми во Белград и со 4:1 ја совлада Црвена Звезда која пак воопшто не разочара по враќањето во Лигата на шампионите.