Мбапе е дефинитивно НАЈСКАП на пазарот: Кејн надминат од младиот Французин, Роналдо го нема помеѓу првите десеттмина?!

Секој месец институтот за проучување на спортот од швајцарски Нојштел ја ажурира вредноста на фудбалерите во топ пет лигите во Европска со помош на својот ексклузив алгоритам. Така беше и во последното издание број 239 во кој се појавија имиња по десет најдобри фудбалери на секоја позиција.

Највреден е Килијан Мбапе 216.500.000 евра, а покрај напаѓачот на ПСЖ, тука се и голманот Едерсон, потоа Умтити, Трент Александер Арнолд и Деле Али секој на својата позиција.

Интересно е што на Мбапе во ноември цената му скокнала за 23 милиони евра во однос на минатиот месец. Тоа на Французинот му овозможи да го надмине Хари Кејн кој сега е втор пред Нејмар, Салах и Филипе Кутињо.

Ветеранот, Лео Меси е на шестата позиција, додека Кристијано Роналдо го нема помеѓу топ десетте напаѓачи.

Во Институтот тврдат дека овие цени се реални и пресметани по најточни научни методи кои предвид ги земаат различните фактори. Сумите се истакнати во милиони евра.