Медиумите во Србија го „растргнаа“ судијата Брих: Нè ограбивте, ВАР за нас не работи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Србија одлично го почна натпреварот против Швајцарија и во петтата минута стигна до водство, но потоа Швајцарците направија целосен пресврт и победија со 2-1.

Па така на Србија сега им останува само една опција, а тоа е победа против Бразил доколку сакаат да играат во осминафиналето, а многу критики пристигнаа на сметка на главниот судија Феликс Брих.

Медиумите се убедени дека германскиот судија ги оштети Србите, а тоа може да се забележи и во 66. минута, кога не беше досуден пенал за српската репрезентација.

„Судиите ја уништија Србија – Шаќири ги урна Орлите во 90. минута… Господине Брих знаете ли дека постои ВАР? Митровиќ и Србија жестоко оштетени во мечот со Србија!“, беа само дел од насловите во медиумите од соседството.