Медиумите се шегуваат со Барселона: Тоти уште минатата година знаел што ќе се случи (ВИДЕО)

Се сеќавате ли на извлекувањето на паровите од ЛШ, кога ги влечеше Франческо Тоти?

Легендарниот капитен на Рома, тогаш на Јувентус му го извлече најтешкиот можен противник, а тоа е Барселона.

Во моментот кога го извлече топчето со името на Барселона, тој се насмевна на неговиот пријател Буфон, а таа фотографија повторно стана актуелна и хит помеѓу навивачите на Рома.