Мекларен за 22 месеци два пати доби отказ во ист тим


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некогашниот селектор на репрезентацијата на Англија Стив Мекларен повторно доби отказ во екипата на Дерби Каунти.

Мекларен за нов/стар тренер на Дерби е именуван во октомври минатата година, а отказ доби после само неколку месеци.

Имено, Дерби имаше високи амбиции во оваа сезона, но во последно време бележеше се послаби резултати и имаат три порази во последните пет месеци.

Токму поради тоа управата на овоју клуб се одлучи да се заблагодари на Мекларен по втор пат во последните три сезони.

Пред тоа беше тренер меѓу останастите на Мидлзборо, репрезентацијата на Англија, Твенте, Волфсбург и Нотингем Форест, а меѓу двете епизоди на клупата на Дерби ја водеше екипата на Њукасл Јунајтед.