Мектомини ќе си замине од Јунајтед во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини ќе си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.

Откако имаше одлична дебитантска сезона во првиот тим на „ѓаволите“ оваа година шкотскиот репрезентативец добива се помалку време на теренот со оглед на фактот што во средината на тимот пристигна Фред, а од позајмица се врати и Андреас Переира.

„Сан“ пренесува дека од јануари Мектомини ќе си замине во Астон Вила како позајмен фудбалер без право на откуп на договорот. Во Чемпионшип шкотскиот интернационалец треба да игра првотимски фудбал со цел да се здобие со поголемо искуство.

Освен клубот од Бирмингем, за Мектомини интерес има и од тимот во кој настапува нашиот репрезентативец, Алиоски, Лидс Јунајтед.