Мерцедес и Ферари одбија да снимаат документарен серијал за Ф1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Извршниот продуцент на компанијата „Нетфликс“, Пол Мартин кажа дека Мерцедес и Ферари одбиле да учествуваат во снимање на документарен филм за „најбрзиот циркус“ во светот.

„Нетфликс“ доби дозвола да влезе „зад сцената“ во Формула 1 за да сними серијал од десет епизоди за случувањата во спортот.

Од вкупно десет екипи во Ф1, дури осум се согласиле на нивните барања, но двете најголеми испратиле негативен одговор.

„Тие покажаа непочит кон навивачите и серијаталот. Условите беа добри за многу екипи, а требаше да бидат и за нив“, вели Мартин.

Ферари не го коментираше ова обвинување, додека Мерцедес порача дека професионалнизмот и посветеноста им е на највисоко ниво и немаат време за снимање на документарен филм.

„Нетфликс“ целиот серијал за случувањата во Ф1 ќе го објави на осми март.