Меси го посакува Гризман во своите редови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси ја поттикна Барселона да го направи финалниот чекор и да го донесе Гризман на „Камп Ноу“.

Најавите во Шпанија се дека Французинот ќе се пресели во Барселона ова лето, а само уште неколку дена неговата откупна клаузула ќе биде 100 милиони евра, а потоа истата ќе скокне на 200 милиони евра.

„Не знам дали трансферот на Гризман е приоритет. Се согласувам дека доколку сакате да ја освоите Лигата на шампионите мора да ги имате најдобрите фудбалери. Гризман е еден од нив. Доколку клубот го донесе, ќе биде супер“ –коментираше Меси.