Меси повторно во (не)возможна мисија!


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Барселона и Јувентус играат утре реванш во ЛШ, а Јувентус е во моментов поблиску до ½-финале.

Јувентус на првиот натпревар победи со 3:0 и утре ќе има голема предност во реваншот.

Медиумите во најава на овој натпревар донесуваат интересен наслов „Мисијата на Меси“, а тоа значи дека ќе се обиде Меси да го направи тоа што не го направил досега.

Тешко е да се најде голман кој успеал во дуелите против Меси да го сочува голот, но Буфон никогаш досега не примил гол од него.

Од Меси најмногу се очекува во Барселона, без оглед на фактот дека Барселона имаат играчи како Нејмар и Суарез, но Буфон е на спротивната страна.

Како и да е, Меси ќе направи се за да ја сруши негативната традиција и да направи уште едно чудо, откако го елиминираше ПСЖ во ¼-финале.