Меси прозборе за трансферот на Роналдо во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, по првпат одлучи да зборува во јавност за Кристијано Роналдо и неговиот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус.

Роналдо по девет години реши да го напушти „кралскиот клуб“ и кариерата ја продолжи во Јувентус, со што беше завршена неверојатната ера на Меси и Роналдо во шпанска Ла Лига. Во изјавата за шпанските медиуми, Меси кажа дека бил изненаден кога видел дека Португалецот го напушта Реал Мадрид.

„Реал Мадрид е сигурно ослабен со заминувањето на Роналдо, зашто тој е еден од најдобрите играчи во светот. Јувентус е сега фаворит за освојување на Лигата на шампиони. Јас, искрено, бев изненаден со неговата одлука да замине од Реал“, кажа Меси.