Меси се врати на својот почеток: Никогаш нема да ја заборавам асистенцијата на Роналдињо за мојот прв гол… (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер, Лео Меси изминатиот викенд дојде до бројката од 400 постигнати погодоци во Ла Лига.

Меси продолжи да поставва неверојатни рекорди од натпревар во натпревар, а сега е и единствен играч во историјата на Ла Лига кој постигнал 400 погодоци. Аргентинецот по мечот изјави дека е горд на овие резултати, но дека нема да се фокусира премногу на рекордите, и дека екипата му е на прво место.

„Многу сум горд што успеав да дадам 400 погодоци во Ла Лига и се надевам дека ќе постигнам уште многу погодоци. Не сум премногу фокусиран на рекордите и цифрите бидејќи сакам фокусот секојдневно да ми биде насочен да работам и напредувам. За мене секој натпревар е нов предизвик“, истакна Меси.

Аргентинецот се присети и на својот прв погодок во дресот на Барселона во домашното првенство кој го постигна против Албацет на 1. мај 2005 година кога му асистираше Роналдињо.

„Никогаш нема да ја заборавам асистенцијата на Роналдињо за мојот прв погодок во Ла Лига. Тоа е доказ дека без помош на соиграчите не би било воможно да постигнам толку погодоци“, истакна Меси.