МЗТ Скопје без проблеми славеше против Шкупи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на МЗТ Скопје без никакви проблеми, лесно и убедливо  го совлада тимот на Шкупи (97:81) во последниот натпревар од 2.коло во Првата кошаркарска лига.

Разликата во класите беше очигледна, а тоа му овозможи на тренерот на аеродромци, Тодоров да ротира во составот и поголема минутажа да даде на помладите кошаркари. Андреј Маслинко и Јордан Минчев најмногу ја искористија укажаната шанса и пружија фантастичен натпревар.

Маслинко натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок постигнувајќи 16 поени а притоа запишувајќи и 12 скока. Бугарскиот интернационалец Минчев кој во МЗТ е на позајмица од Фенербахче постигна 13 поени надополнети со шест скока.

Најефикасен ка МЗТ Скопје беше Даниел Џенсен кој натпреварот го заврши со 21 поен.