МЗТ Скопје донесе Американец во своите редови


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


25 годишниот Лестер Медфорд е нов кошаркар на македонскиот вицешампион МЗТ Скопје откако денес потпиша едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Станува збор за играч кој настапува на плејмејкерската позиција, а во Скопје доаѓа од тимот на Невезис од Литванија. Медерфорд на 26 натпревари одиграни во Литванија постигнуваше во просек по 12,8 поени, 2,8 скока и 3,5 асистенции по натпревар, додека во ФИБА Европкупот на шест натпревари во просек постигнуваше по 16,5 поени по натпревар.

Медфорд е второто име во тимот од Аеродром во текот на летниот преоден рок. Претходно Љубомир Младеновски  се врати меѓу „штрковите“ каде останаа Дарко Соколов и Андреј Маслинко.