Милан влезе во преговори за Диего Коста


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Милан е во преговори со агентот на Диего Коста за потенцијален трансфер на напаѓачот на „Сан Сиро“.

Како што дознава Скај Спортс, Жорге Мендеш се сретнал со директорите на Милан Марко Фасоне и Масимилијано Мирабе во Кардиф пред финалето во Лигата на Шампионите, а следна средба е договорена за оваа недела.

Диего Коста претходно обелодени дека би сакал да се врати во Атлетико Мадрид, но тие се суспендирани за регистрирање играчи ова лето, па трансфер кај „Јорганџиите“ во овој момент не е возможен, со што Милан станува фаворит за неговиот потпис во овој момент.