Милан во големи проблеми: Запрено големото засилување?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан нема среќа.

Тимот на Милан требаше да го реализира трансферот на Џерар Делофеу од Евертон, но тие го стопираа трансферот.

Делофеу не е во плановите на Роналд Куман, а шанса не добива ниту по повредата на Јаник Боласие, па оваа зима ќе се обиде да најде нов тим.

Сепак, Евертон се предомисли, нема да го пушти во Милан на позајмица, туку сака да го продаде.

Милан, како по обичај, прво сака на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи.

Да потсетиме, Делофеу е дете на Барселона, беше капитен на Б тимот, но никогаш не доби вистинска шанса.