Милан ги презентираше преубавите трети дресови (Фото)

Откако вчера беа презентирани две големи засилувања, денес на ред дојде презентацијата на третиот дрес на тимот на Милан.

Од оваа сезона „Росонерите“ ќе бидат облечени во опрема на „Пума“, а третиот дрес кој беше презентиран во текот на денешниот ден наиде на одобрување кај речиси сите фанови на Милан.

Претходно беа презентирани и домашниот и гостинскиот дрес кои исто така добија пофални зборови од навивачите на клубот кој има високи амбиции сезонава што доаѓа.