Милан доби нов стопер! Играч за врска е блиску, а Хрват може во нападот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се уште не знаеме дали конечно по три години ќе го гледаме Милан во Европа од следната сезона, но тоа е сосема извесно дека Росонерите имаат сосема различен тим.

Извршниот тандем Фасоне – Мирабели дале зелено светло за летниот трансфер и првите чекори веќе се започнати …

Милан го договорил доаѓањето на аргентинскиот дефанзивец Матео Мусачо од Виљареал.

Тој е стара желба на Галијани. Потерата за него траеше од минатото лето, потоа ова зима и на крај го земаат ова лето, на Виљареал ќе им биде исплатено 18.000.000 евра.

Се што фали е да се досредат административните детали. Друго засилување треба да биде Френк Кеси. оваа сезона експлодираше во Аталанта и ги импресионираше големите клубови.

Финансиските услови за овој играч се поволни, прифатена е цената од 1.800.000 евра по сезона и бонуси. Цената која ке биде исплатена на Аталанта изнесува 28.000.000 евра.

За денес е закажан првиот состанок ппомеѓу клубовите. На крај во Милан се води дилема за напаѓач.

Желбите за Обамејанг пропаѓаат зашто Дортмунд бара 80.000.000 евра, па затоа Милан ќе бара поскромен играч. Мирабели бил во Мадрид за да го следи Мората, но и шпанецот е скап за Милан.

Белоти, Џеко, Лаказет, Бензема, тие се сите не реални цели за милан.

Затоа Милан се заинтересирн и за Никола Калиниќ од фиорентина која цена изнесува 35.000.000 евра и е поволна за Росонерите.