Милан е пред распродажба: Еве што ќе се случува во иднина


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Росонерите“ играат се подобро на теренот, но не е позната нивната судбина. Долговите не се вратени, а фондовите нудат лоши услови, па иднината е неизвесна.

Јасно е дека за Јонгхонг Ли ова е големо вложување, но тоа беше јасно и кога го купуваше клубот од Берлускони.

Сега решение е прво да продаде четвртина од акциите, односно 25% за почеток, па така би ги добил парите, со кои би требало да ги плати долговите.

Е сега, тоа нема да биде доволно, Ли бара некој со кој ќе ги дели трошоците и со кој ќе може да соработува и да работи на иднината на клубот.

За оваа понуда се заинтересирани неколку арапски фондови, а се споменуваат и Американците, но засега нема ништо конкретно.