Милан има нов приоритет на трансфер-пазарот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан, предводен од новите газди од Кина, веќе длабоко “нурна” на трансфер-пазарот и потроши огромна сума на пари за да донесе 11 нови играчи во составот. Но изгледа дека немаат план да застанат додека не заврши летото.

 

Нов приоритет на трансфер-пазарот е Диего Коста. Бразилскиот напаѓач е во лоши односи со неговиот тренер Антонио Конте и форсира трансфер надвор од клубот. Ова доаѓа како порачано за Милан бидејќи тие веќе подолго време бараат ѕвезда од нападот која ќе се приклучи на тимот.

Милан сака да го потпише Коста на траен договор и нема да прифати никаква позајмица. Според информациите, сѐ што ги загрижува Милан е дали Диего Коста би сакал да настапува во Серија А. Доколку го убедат на премин во Италија, преговорите со Челзи не би претставувале проблем.

Во моментот неговиот агент Жорге Мендеш работи на убедување на играчот да премине во Италија. Висината на трансферот засега е непозната.

 

Минатата сезона Диего Коста беше дел од тимот на Челзи кој ја освои Премиер Лигата и во лигашките натпревари тој постигна 20 гола.