Милан напаѓа од „сенка“: „Росонерите“ посакува ѕвезда на ПСВ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан бара нови засилувања во јануари, а како најголема желба се споменува еден од најдобрите фудбалери на ПСВ, Ирвинг Лозано, кој зимава би можел да ја заврши авантурата во Ајндховен.

Мексиканецот најпрво ги воодушеви сите со настапите на Светското првенство, а одличната форма ја пренесе и во ПСВ, за кој сезонава одигра 17 натпревари и постигна 11 голови.

Тешко дека ПСВ ќе го задржи Лозано во екипата, а „Тутоспорт“ пишува дека за него интерес покажал Милан, чија управа е подготвена да плати 40 милиони евра.

За Лозано покрај Милан е заинтересирана и Барселона, па и фудбалерот потврди дека постоел контакт и дека за него исполнување на сонот би било да заигра на „Камп ноу“.