Милан – Нема трансфери во јануари!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Иако медиумите беа упорни во намерата дека Милан ќе купи некои засилувања, сепак од управата јасно велат дека такво нешто нема да се случи.

Милан е често во медиумите, а се споменуваат многу трансфери, па актуелни во минативе денови беа Џулијан Брант и Керем Демирабај, но ниту еден од тие трансфери нема да се случи.

„Клубот е убеден во тие играчи кои ги донесе во лето и ќе ја продолжи соработката со нив“, беше соопштено од клубот.

Тоа го напомена и Мирабели кој пред самиот крај на годината изјави дека им верува на фудбалерите кои ги донесе ова лето.