Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вечерва се одигра натпреварот помеѓу Милан и Киево.
Првата посериозна шанса на натпреварот ја имаше Милан, а по една одлична акција на тим тој постигна гол. Делуфеу одлично му асистираше додека тој се наоѓаше во казнениот простор и постигна гол за 1:0 во 24-та минута
Само 5 минути подоцна Локатели имаше удар, но за жал заврши покрај голот на Киево.
Во 38-та минута Бака имаше уште еднаш шанса од казнениот простор, но за среќа на Киево дефанзивците блокираа со лизгачки старт.
Само 4 минути подоцна Киево доби пенал по еден жесток старт на играчите на Милан. Гузман го реализираше пеналот во долниот лев агол и така израмни на 1:1.
Во 3-та минута од судиското надополнување Милан доби пенал, но Бака не успеа да го реализира и ја испрати топката над голот.
Bacca misses the penalty #MilanChievo pic.twitter.com/0VgoiXNPu2
— Serie A English (@SerieA_English) March 4, 2017
Најзрелата шанса во вториот дел ја имаше Милан од корнер во 70-таминута кога Ромањоли успеа да ја префрли до Бака кој успеа да погоди за 2:1.
Само 7 минути подоцна Бирса имаше неверојатно силен удар од работ на казнениот простор, но Донарума го скроти тој удар со одлична интервенција.
Пенал беше направен врз еден од играчите на Милан во 82-та минута во казнениот простор на Киево, па овој пат пеналот го изведе Лападула и го зголеми резултатот на 3:1.
Фабрицио имаше голема шанса во 84-та минута да го намали резултатот, но со својот силен удар ја погоди само пречката.
До крајот на натпреварот немаше поголеми шанси, па резултатот остана 3:1.