Милан пазарува во Лондон: Тројца фудбалери на Челси се селат на „Сан Сиро“!?

Милан има голем број на повредени фудбалер, па тренерот Џенаро Гатузо вчера едвај успеа да направи тим против Лацио во Рим (1-1), но предизвиците допрва следуваат и нема сомнеж дека мора да се засилува.

Јануари е месец кога се отвора преодниот рок, а спортскиот директор на клубот, Леонардо е во преговори со многу фудбаелри.

„Спортмедиасет“ пишува дека Леонардо е во контакт со Марина Грановскаја од Челси и во јануари ќе се обиде да ангажира тројца фудбалери.

Тоа се, очекувано, Цеск Фабрегас, Гери Кејхил и Андреас Кристенсен, но најверојатно се преговара за позајмица со право на откуп на сите фдуаблери.

Фабрегас сезонав аима само девет настапи за Челси и поради тоа сака да замине бидејќи нема да добие многу шанса кај тренерот Маурицио Сари, а нешто слична ситуација е и со Кејхил и Кристенсен.