Милан подготвува нов договор за Донарума


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

„Спортмедијасет“ пренесува дека од таборот на Милан подготвуваат нов договор за голманот, Џанлуиџи Донарума.

Медиумот јавува дека е веќе остварен контакт со Мино Раиола за да се преговара за зголемување на платата на Донарума која во моментов изнесува шест милиони евра годишно.

20 годишниот Донарума е одличен на голот на „Росонерите“ и оваа сезона и се очекува да остане на „Сан Сиро“ уште долго време. Во новиот договор се верува дека ќе биде вклучена и откупна клаузула од околу 100 милиони евра, но истата ќе биде во важност само доколку Милан обезбеди пласман во Лигата на шампионите, ако не, Донарума ќе може да бара нова средина за 60 милиони евра.