Милан подобар од ПСЖ во борбата за засилување од 35 милиони евра!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Милан го најде првото засилување за во јануарскиот преоден рок.

Новиот член на „росонерите“ ќе стане талентираниот играч за врска на Фламенго, Лукас Пакета, кој на „Сан Сиро“ ќе стигне за 35 милиони евра.

Бразилските медиуми пишуваат дека екипите се договориле за 21-годишниот играч.

Пакета до крајот на неделата ќе помине медицински прегледи, а нивни член ќе стане во јануари.

Милан во борбата за неговиот потпис го победи дури и ПСЖ, а играчот е еден од најголемите бразилски таленти.

Оваа сезона одигра 24 натпревари за Фламенго и постигна два гола.