Милан се продава на почетокот на месецот: Ова е планот на Кинезите за летното меркато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Опции има многу.

Се одолговлекува толку што почнавме и да се сомневаме дека Кинезите навистина ќе ја преземат грижата за миланскиот гигант, но од Италија секој ден стигнуваат нови информации за плановите на ивеститорите од Далечниот исток за Серија А.
Денеска нешто опширно отколку вообичаено, барем кога е Милан во прашање каде што компанијата Sino Europe Sports во ова лето треба да инвестира дури 120 милиони евра.

Целата зделка треба да се официјализира на почетокот на месецот, а тогаш Марко Фасоне и Масимо Мирабели ќе тргнат во акција.

Многу треба да направат. Додуша, не кога е клубот во прашање. И покрај некои шпекулации – се споменуваше дури и Роберто Манчини – Винченцо Монтела ќе остане на местото шеф на стручниот штаб. Замена на нормално нема да има ниту на голот- Џанлуиџи Донарума е тука зациментиран.

Но се друго…Барем по еден во напад, среден ред и одбрана.

Не е тајна веќе некое време, Пјер Емерик Обамејанг, кој уште како младинец беше во Милан, е прва желба на Росонерите, но и прва мака, бидејќи Борусија Дортмунд нема да го пушти за помалку од 60 милиони евра, а бараат и цели 70 милиони.

Напаѓачот од Габон повеќе сака да игра во Реал, но во Мадрид не го делат неговото воодушевување, па и Обамејанг неодамна рече дека „ќе биде задоволство повторно да го облече дресот на Милан“.

Што се однесува до одбраната, Стефан де Фрај е мета број еден, но Лацио може да го пушти во Милан за цена од 35 милиони евра колку што може да извлече од англиските клубови.

Матео Мусачио е многу поевтин, а ништо полош.

Во средниот ред од порано као прва опција фигурира Луис Густаво од Волфсбург, но него го следат и други клубови – вклучувајќи и Јувентус – Милан разгледува од страна, па размислува и за 21-годишниот Махмуд Дауд од Борусија Мехенгладбах.

Прво се размислуваше за Себастијан Руди од Хохенхајм, но таа варијанта отпадна кога тој го избра Баерн.

Се зборува и за Сеад Колашинац кој го избра Челси, па Росонерите може и нема да купуваат во одбраната, иако многу мислат дека таму се најтанки.

Сепак, постои можност да стигне играч ако замине бекот Матија Де Шиљо. Жерар Делуфеу се враќа во Евертон, тука Милан ништо не се прашува, Сусо чека продолжување на договорот, претседателот на Лацио бара 30 милиони евра за Кеита Балде па така играчката желба на играчот да потпише за Росонерите нема да биде доволна.