Милан ја прифати понудата, еве што одговори Карлос Бака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Условите се одлични, Милан ќе ја наполнеше касата, одлука оставена на Колумбиецот.

Одговорот беше очекуван, Карлос Бака уште еднаш одби да замине од Милан.

Во летото не сакаше во Вест Хем, сега го одби и Тијанџин. Пишувавме вчера, Милан сакаше да го продаде Колумбиецот, понуда од 35 милиони значеше дека и ќе заработат на него, бидејќи на Севиља го платија 30.

Кинескиот клуб на Канаваро нудеше одлична плата на искусниот напаѓач, 12 милиони по сезона, три пати повеќе отколку што има во Италија.

Но, Бака не размислуваше, ниту се премисли,  не сака во Кина.

Бидејќи, тој сака и понатака да игра во Европа, и ако го напушти Милан, сака во некоја силна лига, причина е Мундијалот во 2018 година.

Пред себе го има на пример Џексон Мартинез кого го истисна од репрезентација, кога овој замина во Кина од Атлетико.

Респект за Карлос, на него парите не се на прво место!