Миленикот на Мурињо прв заминува од „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Турските медиуми пренесуваат дека тимот на Фенербахче е заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.

Фелаини беше миленик на Жозе Мурињо и многу често се наоѓаше во првиот тим на Манчестер Јунајтед, но по доаѓањето на Солскјер на клупата на „Ѓаволите“, во последните два натпревари, Белгиецот одигра само три минути.

„Таквим“ пренесува дека Фенербахче каде настапува и нашиот Елиф Елмас во јануари ќе се обиде да го донесе Фелаини во своите редови за сума под десет милиони евра.

Ваквиот трансфер би можел да значи дека Фенер се подготвува за замена токму на Елмас за кого постои голем интерес од Лацио и Борусија Дортмунд кои се подготвени во јануари да го донесат во своите редови.