„Милер мора да биде подобар во 2017 година“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Германскиот напаѓач Томас Милер играше многу лошо во оваа сезона.

Милер одигра 13 мечеви во Бундеслигата и постигна само еден погодок.

Токму поради тоа натпреварот во вторникот против Лајпциг го гледаше од клупата.

Критики на негова сметка упати и Карл Хајнц Румениге.

„Потребно е во денешно време 16, 17 или 18 квалитетни фудбалери.

Ние имаме многу фудбалери со врвни квалитети. Тоа значи дека често ќе се случи за двајца или тројца фудбалери да не бидат во тимот и да бидат несреќни. Тоа треба да мотивација да ја подобрат својата игра во 2017 година. Тоа е случај и со Милер“, рече Румениге.

Да потсетиме дека Баерн после побеата против Лајпциг ја потврди доминацијата во Бундеслигата и остана осамен на врвот на табелата со 39 бода од 16 одиграни кола.