Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот фудбалер на Астон Вила, Џејмс Милнер, призна дека се уште не сака да се сеќава на финалето од Лига Купот на Англија во 2010. година.
Тогаш, Манчестер Јунајтед го подигна трофејот наменет за шампионот откако ја порази екипата од Бирмингем со 2:1.
Еден од забележаните поединци беше и прославениот српски интернационалец, Немања Видиќ, иако не по добро бидејќи издвои пенал во петтата минута.
„Тоа е една од тешките работи во мојот живот, се уште сум бесен бидејќи Видиќ не заработи црвен картон за тој прекршок, а требаше бидејќи беше последен човек во одбраната. Да беше исклучен, натпреварот ќе имаше поинаков тек“, призна Англичанецот кој моментално настапува за Ливерпул.
„Црвените ѓаволи“ по пеналот кој го реализираше токму Милнер направија резултатски пресврт и славеа благодарение на погодоците на Вејн Руни и Мајкл Овен.