Милнер ја распука главата во мечот против Наполи (ФОТО)

Искусниот фудбалер на Ливерпул, Џејмс Милнер, ја повреди главата во пријателскиот натпревар против Наполи во Даблин.

По судирот со Марио Руи, Милнер го пукна челото и на крајот доби 15 конци. Тој го постигна голот за водство во четвртата минута, но подоцна мораше да излезе од игра.

„Оваа повреда ја остави во сенка нашата одлична игра и победата против Наполи, но се надевам дека Џејмс ќе биде добро“, кажа Јирген Клоп.