Мирабели во Германија скенираше играчи за Милан


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пишува познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели бил во Германија да скенира и да преговара со играчи кои би го засилиле клубот оваа зима.

Имено Мирабели во Германија ги следел Керем Демирбај од Хофенхајм и Жулиан Брандт од Баер Леверкузен. Сепак како што дознава новинарот се уште не се започнати преговори ниту со Хофенхајм ниту со Леверкузен за играчите.

Демирбај е офанзивен играч за врска и има 24 години, додека Жулиан Брандт игра на позицијата лево крило, а неговата вредност според трансфермакрт се проценува на околу 30 милиони евра.