Мирор открива: Солскер ги засука ракавите, и веќе пронајде две решенија за зимскиот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со новиот тренер Оле Гунар Солскер се подготвува за зимскиот преоден рок.

Сослкер е привремено решение засега до крајот на сезоната, а од управата на клубот од „Олд Трафорд“ побара двајца играчи – дефанзивец и десно крило.

Клубот за следниот преоден рок му осигура 55 милиони евра, а тој за таа сума сака да ги донесе Тоби Алдервајлд од Тотенхем и Даглас Коста од Јувентус, открива Дејли Мирор. Невозможно е тие два трансфери да се реализираат за 55 милиони евра па во Јунајтед смислуваат план како обајцата да ги донесат на „Олд Трафорд“.

Алдервајлд би бил нов предводник на одбраната со оглед на тоа дека одбраната на Јунајтед оваа сезона под палка на Мурињо прими дури 29 погодоци во само 17 натпревари. Се верува дека Тотенхем би го пуштил Алдервајлд за 35 милиони евра и Јунајтед е подготвен тоа да го плати.

Коста не е во ударниот тим кај Јувентус кој го донесе за 36 милиони евра од Баерн. Планот на Јунајтед е да го искористи статусот на Бразилецот во Торино, и да го донесе на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да размисли за откуп на неговиот договор.

Целта на Јунајтед е пласман во Лигата на шампионите со новиот тренер, а тоа ќе биде тешко да се оствари бидејќи зад четвртопласираниот Челси заостануваат 11 бодови по 17 натпревари.