„Ми недостига борбата за титула“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фернандо Алонсо призна дека му недостига борбата за титула, во која не учествува веќе четири години.

Во 2013 година Алонсо беше далеку зад Фетел во борбата за титула. Потоа, во 2014 имаше само 2 подиуми, а претходните 2 сезони се трудеше да добие што е можно повеќе од Мекларен.

„Имав среќа два пати да ја освојам титулата, но морам да признаам дека ми недостига борбата за титула, ми недостига адреналин, пресметка ако направам вакво нешто, ако направам такво нешто. Но, среќен сум бидејќи голем дел од возачите кои доаѓаат во Ф1 никогаш немаат шанса за такво нешто.“

Шпанецот потврди дека останува во Мекларен, дека верува во овој проект и дека се надева дека со нив ќе се врати во борба за титулата.